Владата на Република Македонија продолжува со политиката на вработување висококвалитетни кадри во државната управа. Објавен е јавен повик за пројавување интерес за ангажман на четири раководни функции и тоа две високораководни позиции од страна на Владата и две од Агенцијата за привлекување странски инвестиции.
Огласот на Владата се однесува на избор на директор за Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и во руралниот развој и генерален конзул од Македонија за Минхен, Германија. Сите заинтересирани кандидати што ги исполнуваат условите ќе можат да се пријавуваат од денеска до 27 декември.
Владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев истакна дека позицијата директор за Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и во руралниот развој е една од најзначајните позиции во областа на земјоделството и општо за државниот систем зашто преку оваа Агенција се вршат сериозни сервисирања на потребите на земјоделците, поддршка на земјоделството и реализација на многу проекти. Токму затоа посочи тој дека масовноста на овие огласи не е толку важна колку што е важно да се изберат квалитетни кадари.
Другиот оглас за две раководни позиции од Агенцијата за привлекување странски инвестии се еден економски промотор за Шангај, Република Кина, и еден економски промотор за Монтреал, Канада. Овој оглас ќе трае до 20 декември.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



