| четврток, 6 декември 2018 |

„Фејсбук“ нема да воведува „не ми се допаѓа“

418619_dislike_f

„Фејсбук“ нема да воведува копче „не ми се допаѓа“. Тоа го изјави основачот на социјалната мрежа Марк Цукерберг.

– Многу луѓе зборуваат за потребата од копчето „не ми се допаѓа“ (dislike). Луѓето сакаат да имаат можност да кажат дека некои работи не им се допаѓаат, но ние не мислиме дека тоа ќе донесе нешто позитивно – истакна Цукерберг пред раководството на компанијата.

Според него, сепак, треба да се разгледа можноста „Фејсбук“ да им овозможи на луѓето да ги изразат своите емоции преку т.н. емоционални копчиња за сочувство или за воодушевување. Значи, оние кои немаат можност или не сакаат да пишуваат долги постови, така ќе можат да ги покажат своите емоции – смета Цукерберг .

„Фејсбук“ е најголемата социјална мрежа во светот со 1,19 милијарда корисници.



			
							
			   
















Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top