| четврток, 6 декември 2018 |

Прегазена скопјанка заврши во болница

Четириесет и шестгодишната З.Д. вчера била прегазена од автомобил „шкода“ на булеварот „Македонско-косовска бригада“ во скопската населба Топанско Поле.

Жената, која се движела пеш, била удрена од автомобилот, кој го управувал Ѓ.С.. Во несреќата таа добила полесни повреди и била пренесена во Градската болница „Наум Охридски“.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top