Синоќа беа прогласени најдобрите македонски веб-сајтови за 2014 година во повеќе категории. Наградата за веб-сајт на годината му припадна на Off.net.mk а наградата за најпопуларен веб-сајт во изборот на публиката, трета година со ред ја добива порталот Fakulteti.mk.
Останати овогодишни победници по категории се следниве: за најдобар дизајн Kajgana.mk, најинформативен веб-сајт Time.mk, најдобар забавен веб-сајт Panika.be, најдобар спортски веб-сајт Derbi.mk, најдобра Facebook фан-страница Мајка ти и татко ти, најдобар блог Okno.mk, најдобар мобилен веб-сајт Grouper.mk, најдобар корпоративен веб-сајт T-mobile.mk, најдобар веб-сајт за бизнис информации Vrabotuvanje.com.mk, најдобар веб-сајт за е-трговија Grouper.mk, најдобар веб-сајт за образование, наука и култура Fakulteti.mk, најдобар веб-сајт на невладина организација Borka.org.mk, најдобар владин веб-сајт Агенција за вработување на Македонија, најдобар финансиски веб-сајт kb.com.mk, за туризам и угостителство Radika.com.mk, најдобар ИТ веб-сајт It.com.mk, најдобар веб-сајт за автомобилизам Porsche.com.mk, за мода и убавина Femina.mk и за храна и здравје doktori.mk.
Организатори на манифестацијата се агенцијата Media Solutions и системот за е-реклами „Кип ан ај“ (Keep an eye“, под покровителство на претседателот Ѓорѓе Иванов, ИАБ Македонија, Град Скопје и Министерството за информатичко општество и администрација.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.