| четврток, 6 декември 2018 |

Сведочење на преживеаната девојка од БМВ: Влетавме во вода и настана паника

ada-huja-nesreca-milica-jokic-foto-marina-lopicic-1418334452-598177

Се борев за живот. Водата брзо го полнеше автомобилот. Се обидував да отворам врата, но никако не можев. Ме фати паника – ова е сведочењето на Милица Јокиќ во Вишото обвинителство во Белград, која се појави во својство на сведок во истрагата за несреќата во која кај Ада Хуја настрадаа тројца млади луѓе. Таа го преживеаја потонувањето на БМВ во Дунав. Деталите за сведоштво на девојката, сега никој не сака да ги зборува, но според неофицијални информации, Милица Јокиќ, иако сѐ уште е потресена од смртта на пријателте, ги раскажала сите детали од хоророт во несреќата.

Според нејзиното сеќавање, Душан Јовановиќ, кој го возел автомобилот иако немал возачка дозвола, не видел дека патот завршува и дека реката е пред нив. Сфатиле дека се во опасност во моментот кога автомобилот почнал да тоне во водата. Во паника, сите почнале да се борат за своите животи, и дури кога било доцна за спас, тие сфатиле дека тројца нивни пријатели се удавиле во потонатиот автомобил.

– Бевме во кафуле во центарот на градот. Сите испивме по неколку пијачки. Одлучивме од локалот каде што бевме да одиме на Ада Хуја.Немаше место за сите нас во автомобилот, па Милош предложи тој да се вози во багажникот. Јас седев на местото за совозач .Во автомобилот сите беа весели, свиреше музика и се шегувавме. Во моментот кога свртевме кај Ада Хуја  никој не забележа дека патот завршува. Следно на што се сеќавам е дека паднавме во вода. Настана паника. Цело време се обидував да ја отворам вратата, но никако не можев. Веќе загубив надеж, мислев дека е готово. Тогаш Душан некако ја отвори мојата врата и јас излегов на површина – рекла девојката која вчера првпат се појавила во јавност. Во судот дошла во придружба на две машки личности. На едниот од нив му било дозволено да седи за време на сослушувањето поради нејзината лоша здравствена состојба. За време на сослушувањето, кое траело еден час, таа плачела. Во сообраќајката загуби тројца свои пријатели. Со автомобил на 22 ноември се удавија Анастасија Стајиќ (16), Немања Антиќ (18) и Милош Јанковиќ (20).

Покрај Милица Јокиќ и возачот Душан Јовановиќ, кој е во притвор, од потопениот автомобил успеал да се спаси и Лука Вишњиќ.

Душан Јовановиќ, на сослушувањето претходно изјави дека се кае за сѐ што се случило таа кобна ноќ и дека тој бил свесен за својата вина, додека Лука Вишњиќ сѐ уште не е сослушан. Покрај Милица Јокиќ, како сведоци беа слушани и нуркачите од жандармеријата, кои објасниле каде ги нашле жртвите по несреќата.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top