| четврток, 6 декември 2018 |

Алармантно: Хакери тврдат дека ги украле матичните броеви речиси на сите граѓани на Србија!

Петмина млади српски хакери провалија во државниот систем и ги зедоа ЕМБГ на речиси сите граѓани на Србија. Или барем така тврдат.

-Ја држиме цела Србија во рака. Ги имама сите податоци за српските жители почнувајќи од ЕМБГ, па до тоа што работат, каде живеат, броеви на телефони, пишува во мејлот што го добила редакцијата на српскиот весник „Блиц“. До редакцијата стигнале и табели со податоци на граѓаните од Нови Београд, Вождовац, Нови сад, Јагодина…

548674_hakeri1_f

-Овие податоци ги покажуваме во јавност од повеќе причини. Прва и главна причина е тоа дека наѓата сајбер полиција ги брка исклучително српските хакери додека албанските ги игнорира. Сега ќе има повеќе од конкретна причина да не бара, но само џабе ќе си го губи времео, се наведува во мејлот.

Втората причина, пишуваат хакерите е што народот треба да види колку е загрозена неговата приватност во оваа земја и како со помош на овие податоци може да се добијат сите информации за нив.

Третата причина е таа што државата треба да види дека и после сите предупредувања и да сфати дека системот за заштита им е слаб и дека за тоа треба да водат сметка, се наведува во мејлот на петтемина хакери кои за себе велат дека се постари од 19 години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top