| четврток, 6 декември 2018 |

Мис бум бум повторно девица

mis-boom-boom-foto-instagram-indianaracarvalho_ff

Бразилската моделка својот нов статус сака да го искористи за пронаоѓање вистинска љубов. Си ветила дека нема да има секс додека не го пронајде вистинскиот.

Индијанара Карвалхо, се прослави оваа година, откако беше пробласена за Мис бум бум. Станува збор за бразилски натпревар на кој се одбира најдобар задник.

Таа посакала повторно да биде девица и решила да си ја врати невиноста. Жените што подлегнуваат на оваа операција мора да апстинираат од секс три месеци по операцијата, но на Индијанара тоа сигурно нема да и биде проблем, затоа што си ветила дека нема да има секс додека не го запознае вистинскиот.

– Операцијата сакав да ја направам пред своето следно снимање. Ќе позирам гола, а нема да се чувствувам убаво доколку не сум таква каква што сум дошла на светот. Исто така, се надевам дека по овој чин, малку повеќе ќе ме почитуваат – изјавила таа.

Бразилската манекенка победила на натпреварот покрај 27 други девојки, кои подоцна ја обвинија дека ја купила титулата.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top