Деновиве во издание на Издавачката куќа Икона од печат излегоа две книги од славниот грузиски писател Нодар Думбадзе. „Бели знамиња“ и „Законот на вечноста“ се првите прозни книги од грузиски писател, преведени и објавени на македонски јазик во последните децении.
Нодар Думбадзе (1928-1984) е еден од најважните автори во неверојатно богатата грузиска литература, и еден од најпознатите и најчитани писатели во поранешната советска книжевност. Уште пред да наполни 40 години неговите дела беа преведени на многу јазици и се стекнаа со голема популарност и надвор границите на тогашната држава.
Од неговите меланхолично оптимистички дела, блеска едноставноста на лирската проза и специфичниот народски хумор, којшто, заедно со изразито хуманистичкиот однос кон човекот, се главни одлики на неговата литература.
Краткиот роман “Бели знамиња“ (1973) е приказна за десетмина луѓе коишто во ќелијата на истражниот затвор ја очекуваат пресудата, односно решението на својата судбина и понатамошниот живот. Приказна истовремено проникната и со здрава смеа и со сериозна човечка болка, во којашто трагедијата и комедијата се испреплетени низ животите на овие сосема различни луѓе, со различен животен пат, различни навики, индивидуалности па дури и различен речник, но со ист привремен живот во истите затворски ѕидови.
Делото „Законот на вечноста“, пак, на специфичен начин се занимавасо идејата за борбата помеѓу доброто и злото. Според мислењето на Бачана, јунакот на овој роман, којшто лежи тешко болен во болница,на злото спокојно може да гледа само човек со вештачко срце. Обраќајќи му се на својот лекар,тој вели:
„Сè додека сме живи, ние сме должни еден на друг да си подаваме рака за да импомогнеме на нашите души да станат бесмртни…“
Иако овој роман, како и „Бели знамиња“, одразуваедна специфична историска ера во Грузија, и има посебно и вистинско време и место кадешто се случува, од него сјаат универзален и безвремен драматизам, лиризам и неповторливхумор, коишто се израз на размислувањата на авторот за спротивставувањето на доброто излото и за човековото право на среќа и на љубов.
Oва е неверојатно реалистично дело во кое атмосферата на настаните и емоциитесе насликани толку живо што е невозможно да не ги почувствувате тагата и радоста нахероите од книгата, исто толку силно колку и тие.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Антолог“ објави два историски романи од исландски автори: „Сага за Јон“ и „Солзите на ангелите“
-
„Прозарт Медиа“ објави дела од врвни аргентински автори: „Разузнавачки извештаи“ и „Свињите“ на македонски јазик
-
Промоција на „Збирка воздишки збрани од ливадата на стиховите“ од Сандра Авросиевска и изложба на Васко Ташковски во Паркот на книгите
-
Институтот „Јунуз Емре“-Скопје ќе донира книги на отсекот по турски јазик на Филолошкиот факултет