Најстарата легенда за феминизмот е таа за феминистките како фрустрирани жени кои не можат да најдат маж кој би ги сакал и затоа се свртуваат кон идеологијата за феминизмот. Секако, тоа не е вистина бидејќи феминизмот е движење во кој учествуваат многу среќно сакани хетеросексуални жени и многу жени кои не се заинтересирани за машка љубов. Секако, тоа е и вистина бидејќи љубовта е важна, како и нејзиниот недостиг, а романтична е хетеросексуалната љубов материјално и симболично вплетена во функционирањето на патријахатот.
Приказните и теориите за љубовта од секогаш се дел од феминизмот, но ретко наоѓаат место под рефлекторите, меѓу блиските но помалку апстрактни теми како сексуалноста или грижата. Љубовта, поточно хетеросексуалната љубов, во нашето секојдневие, надвор од сверата на личната интима, главно се појавува во уметноста, повремено во популарната наука, но ретко кога како политичко прашање. Иако постои привлечност во феминистичкото оддалечување од темата љубов, како инхерентно женска преокупација, љубовта е незаменлива и неизбежна, поради тоа важно е приказните за љубовта во еден момент да станат и феминистички приказни и во нашите феминистички приказни да има место за љубовта. Во овој прв текст на Муф за љубовта и феминизмот ќе се бавам со теоријата на љубовната сила (love power) на исландската феминистка Ени Јонасдотир и ќе ја поврзам со анализата на меме за девојка која претерано се врзала Overly Attached Girlfriend, која ја напиша Хана Блек. Лена Гунарсон, чиј текст во овој дел обемно ќе го цитирам и прераскажувам, пишува дека Јонасдотир својата теорија објавена во 1991 година ја развива според Марксовата анализа на капитализмот, користејќи паралелни термини за да ја исцрта праксата на љубовта која ја одбележуваат конфликт и експлоатација. На почеток од тој проект прашањето е: Што ги прави жените систематски беспомошни, помалку моќни во односот кон мажите, дури и во високо развиените земји? Одговорот е дека зависните односи кои историски ги поврзувале мажите и жените (економски, правни, итн.), со време слабееле, а преостанала само зависноста од љубов, т.е. грижата и еротската екстаза. Љубовната пракса поради тоа е подрачје во кое можеме да ги најдеме клучните механизми на капиталистичкиот патријахат.
Поимот за љубовната сила на Јонасдотир е паралела на Марксовиот поим за работната сила – додека работната сила е ментален и физички капацитет за човекот за работа, љубовната сила обединува и претставува капацитети за љубов, внатрешна динамика од која извира дијалектичко единство на грижа и еротска екстаза. Користењето на тие капацитети истовремено твори и е условено од моменталната структура на социосексуалноста. Според Јонасдотир, доминантна е социосексуалната структура на современите општества од западот, тие во кои мажите ја искористуваат оттуѓената љубов од жените. Со други зборови, користењето на љубовната сила е понаква зависно од родот и не е реципрочно, во корист на мажите и на штета на жените.
Концептот кој во оваа тероија го заменува капиталот е машкиот авторитет, систематската моќ на мажот над жената која е последица на женската љубов која ја примаат. – Ако капиталот е акумулиран оттуѓен труд, машкиот авторитет е акумулирана оттуѓена љубов – тврди Јонасдотир. Да се биде сакан или сакана, ни дава сила и не прави да се чувствуваме вредни, позитивно да се вреднуваме самите, нашиот живот и искуствата. Во пракса акумулираната вредност имплицирана во машкиот авторитет на сите мажи, независно од специфичните сили кои ги имаат како поединци, се обдарува со еден вид на дополнителна вредност. Жените, од друга страна, се борат со наводна сиромаштија – можност да делуваат како лица со самодоверба кои не ги преиспитуваат своите вредности и своето делување за нив е многу помало. Освен тоа, мажите за разлика од жените, не се присилуваат да го подаруваат својот сексуален капацитет на другиот пол, ако не им се допаѓаат понудените услови – машкото повлекување се почитува, женското се доживува како недоволен труд.
Таа состојба на женската сиромаштија го објаснува честото мизогино исмејување на женската волност да сакаат мажи кои не им ја возвраќаат љубовта. Експлоататорската природа на патријахалната хетеросексуална социосексуалност ја исцрпува женската самодоверба така нивната основна потреба за љубов има тенденција на искривување во потребата за љубов. Поради таа женска потреба, поексплицитна и повидлива од машката, машката љубов се доживува како повредна од женската. Иако љубовта на жената е вистински извор за машката вредност, како што работата е вистински извор за вредноста, се чини дека машкиот авторитет извира од креативната моќ на самите мажи. Тој впечаток е поддржан од фактот дека волноста на жените да сакаат мажи создава структура која се стреми кон тоа на мажите да даваат пристап на женската љубов така беспомошноста која мажите би ја чувствувале без таа љубов, останува сокриена.
Треба да се потенцира дека дуалноста на љубовта како грижа и еротска екстаза и полово е одбележана. Вечната потрага за екстаза (традиционално машка) редовно се прикажува како неповрзана со грижата (традиционално женска) иако всушност зависи од неа – жените се присилени да се посветат на грижата за мажите да можат да живеат т.е. искусат екстаза. Жените се тие кои немаат слобода на автономно истражување на сопственото еротско исполнување, т.е. тие желби и потреби кои сеуште се потиснуваат или патологизираат. За жените најлесен начин за живеење на сопствената сексуалност сеуште е нејзиното живеење низ машката потреба за нив.
Ова е многу основна рамка на теоријата на Јонасдотир, но веќе е јасно дека голем дел од хетеро жените отфрлија многу негови поставки, т.е. одбија да ги видат своите љубовни односи како експлоататорски процеси. Гунарсон истакнува дека тоа одбивање не може да се сведе на некој вид на заблуда – треба да се признае дека љубовта е фундаментално сила која не може да се експлоатира и која трансцендира такви категории. Односно, жените можат да уживаат, а во пракса навистина уживаат во тоа да ги љубат мажите, независно од сите начини на кои тоа може да ги исцрпува или дури и да бидат губитнички.
Истовремено, популарната култура обилува со прикази на жени кои го пореметуваат опишаното хетеросексуално уредување и очекувањата, па ја изневеруваат припишаната улога. Една од нив е фигура на опсесивно заљубена жена, тешка љубовница или пак девојка која претерано се врзала. Таа е смешна и љубоморна бидејќи нејзината афекција е преголема и не барана, таа всушност е облик на насилство, или барем така ја претставува патријахалната имагинација.
Хана Блек во неа гледа облик на отпор на патријахалното оттуѓување и субверзија или краткотрајно решение на проблематичната женска положба во хетеросексуалната љубов. Да се копнее по некого кој не копнее по нас, тоа е бегање од тоа да се биде посакувана како жена. Блек пишува: Кога ќе размислам за тоа колку е тешко да се прифати дека сме објект за посакување во тие односи на меѓусебно посакување кое треба сите да го имаме, размислувам како е да се биде црна или едноставно одродена како жена во свет на бел машки сперматозоид, прифаќањето на љубовта може да го направи тешко бидејќи од детството сме охрабрени да се мразиме. Продолжетокот се надоврзува на теоријата на Јонасдотир – Истовремено, наспроти својот труд политичката институција на хетеросексуалноста да се конструира како облик на меѓусебна нежност меѓу луѓето, мажите (како група) сеуште не научија да ги сакаат жените (како група), а наспроти постојаната упорност на потребата меѓу жените, жените (како група) сеуште се борат со тоа да се сакаат самите себеси.
Пишувајќи во другиот текст за институција на паровите, Блек постулира дека структурата на хетеро двојката сеуште претставува апропријација на физичката и психичката енергија на жената во корист на мажот, а потоа размислувањето го шири на односите надвор од сверата на хетеросексуалноста. Инсистирањето на форма на двојка, тврди, во геј односите се рекреира исто експлоататорско и насилно уредување. Буквално кажано, бракот не е ништо повеќе логичен продолжеток на сексуалната потреба, отколку што е затворот крајна експресија на засолнувањето од дождот.
Според Гунарсон, бегањето од таа поразителна љубовна пракса е можно ако жените почнат повеќе да размислуваат и да се грижат за себе, наоѓајќи во тоа и поавтентично изразување на љубовта и начин на демонтирање на машкото его. Рамнотежата во моќта може да се поправи само со обединување на жените и насочување на љубовта меѓу себе.
Блек е помалку оптимист. За неа двојката како форма на моногамен романтичен однос, претставува непростлива приватизација на љубовта, но неговото одбивање љубовта не ја прави повеќе достапна. Наспроти трудот на радикалните групи и храброста на маргинализираните заедници, најчест случај е со свртувањето од љубовта во двојка, да се свртуваме кон ништо. Надежта или фатаморганата на добрината меѓу странците, љубовта меѓу пријателите, е во судир со интензивната фамилијарност на романтичната љубов.
Овие ставови во добар дел се надоврзуваат на феминистичката традиција на толкување на љубовта како исклучиво идеолошка сила и еден вид стапица за жените, но Гунарсон во своето читање на Јонасдотир го вклучува и (утопистичкото?) решение, а Блек сепак ја признава можноста за отпор на патријахатот во некои видови на љубовни односи. Очекувано им недостасува одредено ниво на практичност, каква што можеме да ја најдеме на пример во низа на денес многу популарните советодавни рубрики со феминистички предзнак. Она што ме интересира, покрај самиот обид за преглед на феминистичките теоретизации за љубовта, е дали тие како и колку можат да помогнат во секојдневните пракси на љубовта?
Феминизмот, секако нуди и посреќни теории за љубовта од опишаните и нејзина многу потопла артикулација. Инвентурата на овој дел на феминистичката мисла ни е потребна и како визија за иднината и како начин за памтење на гласови; следење на интимната и политичката историја за која Адриана Рич зборува кога пишува:
„this we were, this is how we tried to love,
and these are the forces they had ranged against us,
and these are the forces we had ranged within us,
within us and against us, against us and within us.“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.