| четврток, 6 декември 2018 |

Емисии на македонски јазик на албанската радио телевизија

Албанската радио телевизија за првпат во историјата ќе почне со емитување телевизиски емисии и на јазиците на сите етнички заедници, македонски, грчки, влашки,српски и ромски.

Ова го тврди Кристо Гоци, член на државниот комитет за малциснтва( претставник на влашкото малцинство), во кој членуваат претставници од сите етнички заедници.

-Историјата само што почнува. На први јануари кога на телевизијата ќе има новогодишна честитка на сите јазици а потоа, ќе има еднаш неделно информативни и други емисии за животот, културата и традициите на малциснтвата -изјавил Гоци.

Според него на средбата со релевантините стуктури, меѓу кои и заменик директорот на албанската радио телевизија, Енѓел Ндоцај, било дадено зелено светло и сега се чека да се реализира договореното.

Веста за отпочнувањето емитување емисија на македонски јазик на албанската радио телевизија експресно ја поздрави друштвото „Илинден“со седиште во Тирана.

-Ова навистина е вест на денот, токму на меѓунанродниот ден за правата. По се она што ни се негира ова е сепак позитивен чекор кон подобро,се разбира ако се испочитува – вели Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top