| четврток, 6 декември 2018 |

Матевски: Поглаварот на ИВЗ сака да го албанизира исламот

Исламската верска заедница предводена од поглаварот Реџепи станува продолжена рака на политиките на Демократската унија за интеграција. Ова во интервју за „Пресс 24“ го тврди универзитетскиот професор Зоран Матевски кој вели дека религискиот карактер на ИВЗ се става во спореден план а на површина испливуваат идеите за албанизирање на исламот но и на православието кај припадниците на албанската етничка група.

Тој ја оценува исклучиво како политичка идејата за формиарање Албанска Православна Црвка во Македонија. ДУИ, вели професорот Матевски во спрега со ИВЗ работат како на идејата за албанизирање на исламот, така и на идејата за албанизирање на православието кај припадниците на албанската етничка група.

– Освен тоа  во своите изјави за обединување на Албанците во една држава Поглаварот на ИВЗ ја повампирува идејата за голема Албанија што е исклучително опасно за регионот во време на постконфликтен период – вели Матевски.

Универзитескиот профсеор не е убеден дека, Албанската Православн Црква во Тирана, која е во добри релации со партиите на Албанците и во Македонија и во регионот, ќе остане воздржана, доколку приказната добие интензитет.

– И покрај коректните односи со МПЦ-ОА, претпоставувам дека синодот на Албанската Православна Црква е информиран за оваа иницијатива бидејќи како религиска организација имаат прилично блиски односи со албанските политички партии во Балканскиот регион. Сега за сега мудро молчат и чекаат да видат како ќе помине оваа иницијатива во вид на ”пробен балон” а потоа соодветно ќе реагирааат. Инаку бидете сигурни дека не постои православна црква во светот која не сака да ја прошири својата дејност  надвор од границите на својата матична држава во која дејствува – вели Матевски во интервјуто.

Според него, во Македонија не постојат прецизни податоци колку Албанци има со православна вероисповест, но обидот да се престават Шкретите како такви е небулоза.

– Шкретите се етнички Македонци кои зборуваат на албански јазик. Јазикот го смениле под притисок на одредени албански арнаутски групи кои имале силно влијание во минатото особено во регионот на Горна Река. Кога ја анализирате етничката и религиската припадност на Шкретите веднаш доаѓате до заклучок дека тие повеќе инкринираат кон МПЦ-ОА отколку кон АПЦ – вели Зоран Матевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top