| четврток, 6 декември 2018 |

Вработен ѝ се заканувал на инспекторка, па ја затворил во ресторанот

Четириесетипет годишниот Љ.Ј. од Македонска Каменица заработи кривична пријава поради постоење на основано сомнение дека сторил кривични дела спречување службено лице во вршење службено дејствие, против правно лишување од слобода и загрозување на сигурноста над државен инспектор за земјоделство, рибарство и аквакултура од ПЕ Кочани.

Имено на почетокот на месец ноември годинава за време на вршење на контрола од страна на државниот инспектор во угостителски објект  во Македонска Каменица, Љ.Ј. кој бил вработен во него ѝ упатил сериозни закани по личната сигурност и сигурноста на нејзиното семејство.

Подоцна пријавениот ја попречувал во извршување на службените дејствија, така што за време на пополнување на записник за констатирана состојба, удрил по масата на која што истата работела, а потоа со затворање на влезната врата од објектот противправно ја лишил од слобода и истата била ослободена по телефонски разговор со сопственикот на угостителскиот објект.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top