| четврток, 6 декември 2018 |

Џони Деп го купи портретот на голата и бремена Кејт Мидлтон

00037844

Џони Деп го купи графитот на голата и бремена Кејт Мидлтон. Портретот, нацртан на ѕидот на зградата на уметничката галерија „Faith Inc“ во Лондон е со цена од 47 илјади долари. Весникот потсетува дека, Деп е обожавател на 29 годишниот американскиот уметник Пегасус и освен Кејт Мидлтон, актерот се здобил со уште четири негови дела.

1415836117703imagegalleryimageduchessofcambridgemura

Графитот со Војвотката од Кембриџ се појави во британскиот главен град во средината на ноември. Под сликата има натпис „Game of Thrones“, а врз стомакот на војвотката е прикажана мала круна. Информациите дека принцот Вилијам и неговата сопруга очекуваат второ дете се појави во септември, а раѓањето се очекува во април 2015 година. Првото дете на двојката, принцот Џорџ, се роди на 22 јули 2013 година и стана третиот претендент за британската круна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top