Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по влажни коловози. Врнежи од слаб снег се бележат на Маврово, Стража, Плетвар, Крушево и Делчево, информира Автомото сојузот на Македонија во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
АМСМ препорачува внимателно возење, приспособена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде што е можна почеста појава на одрони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


