| четврток, 6 декември 2018 |

Џулија Робертс е новото лице на „Живанши“

hitportal-oscari-18

Француската модна куќа „Живанши“ ја претстави Џулија Робертс како свое заштитно лице за рекламната кампања пролет/лето 2015 година. Црно-белите фотографии се направени од фотографите Мерт Аласан и Маркус Пиго.

images

– Шоуто беше за многу силна жена, а Џулија го отелотворува тоа многу добро – рече креативниот директор на модната куќа Рикардо Тиши. Таа е олицетворение на елеганција.

hitportal-oscari-17

Тиши ја облекува Џулија Робертс за официјални настани од 2013 година. На церемонијата за наградите „Оскар“ минатата година таа беше облечена во негов фустан.

На фотографиите за рекламната кампања на „Живанши“, Џулија Робертс е со малку шминка и небрежна фризура.

– Решив да ја направам интелектуална, посериозна, почиста – рече Рикардо Тиши.

– Ова е различен и свеж изглед на Јулија, која е навистина модерна и урбана. Мислам дека тоа е многу искрена кампања.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top