| четврток, 6 декември 2018 |

Дете исчезнато пред четири години се врати во прегратките на мајката (видео)

Во 2010 мајката на сега 13-годишното момче го пријавила како исчезнато. Детето отишло во посета на својот татко во Атланта и од тој момент веќе не се вратило дома.

Момчето било пријавено како исчезнато во социјалните служби, не во полиција.

Четири години подоцна, во петокот, полицијата била во станот на неговиот татко но не успеала да го пронајде детето.

По неколку часа пак биле повикани во станот, од страна на неговата мајка.

Детето, додека полицајците биле внатре, успеало да и се јави на мајка си и да и каже каде да го бараат, а таа им пренела на полицајците.

Момчето било најдено во внатрешноста на станот зад лажен ѕид.

Петте луѓе кои живееле во тој стан во Атланта, меѓу кои и неговиот татко Грегори Џин  и маќеата, се притворени и ќе одговараат за бруталност и затварање на дете, како и за измама на полицијата.

Според соседите според кои детето преку ден го гледале во дворот и околу куќата, веројатно  зад ѕидот било криено само кога имало гости во станот или кога социјлните служби и полицијата го барале.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top