Две од највлијателните двојки во Велика Британија и Америка, се сретнаа на кошаркарски натпревар во Њујорк.
Џеј Зи, Бијонсе, принцот Вилијам и неговата бремена сопруга Кејт, разменија неколку зборови за време на натпреварот на „Бруклин нетс, а средбата им стана вистинска сензација.
Кралската двојка е во екот на својата американска турнеја, а запознавањето со двете музички ѕвезди било претходно договорено. Четворицата се ракувале на теренот, опколени од телохранители, новинари и навивачи и успеале да поразговараат сосема кратко.
За разлика од нивната тајна вечера во Менхетен, Вилијам и Кејт не им побарале пари на Џеј Зи и Бијонсе, како што тоа го направија со други 15 богати семејства, кои платиле по 50 000 долари за да ја стиснат раката на британските аристократи. Кралската двојка била пресреќна од пречекот и кошаркарскиот натпревар, а Вилијам коментирал дека првпат гледа сличен настан во живо.
– Беше прекрасно. Првпат ни е, а претходно ја посетив и Белата куќа за прв пат, рече принцот.
Кејт и Вилијам се во Америка неколку дена и програмата им е доста оптоварена. Двајцата собираат средства за својата кралска фондација, која се занимаваат со бројни хуманитарни иницијативи.
Не се знае кој од паровите прв изразил желба за средбата, но тоа се покажа како одличен маркетинг и за двете страни.
Џеј Зи и Бијонсе се од ѕвездите кои имаат посебни односи со доста влијателни личности кои управуваат во САД, како што е Барак Обама, и сакаат да бидат видени со моќни личности надвор шоу-бизнисот.
Вилијам и Кејт, пак, се обидуваат да го срушат имиџот на стерилна кралска двојка, а зближувањето со луѓето е полесно преку нивните идоли.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Принцезите на воена нога: Како лошите односи на Кејт и Меган од џебот на Британците ќе извадат пет милиони фунти
-
Кејт Мидлтон се расплакала поради Меган: Исплива највалканата тајна од кралската венчавка!
-
Ги закрви браќата: Вилијам поради Меган се скара со братот!
-
Социјалните мрежи горат: Една реченица го откри односот меѓу Кејт и принцот Вилијам!




