Овен
Иако делува како да не се плаши од ништо и од никого, Овенот некаде длабоко во себе чувствува страв од самотија, изолација и болести од кои се ужаснува. Затоа постојано му е потребно чувството дека постои некој на кого може да се потпре. Иако го бие глас дека е храбар авантуриста, подготвен да тргне и на крајот на светот, длабоко во душата Овенот сепак стравува што би можело да се случи кога ќе стигне таму, било да се работи за некоја далечна островска земја или прекуокеански град каде што е динамичен животот. Тој не ја поднесува и помислата дека би можел да биде осамен, без можност навечер да ја спушти главата на нечие рамо.
Бик
Бикот се плаши да остане без пари, затоа што во тој случај би ја преспал зимата како мечката во својата пештера, се додека не се затопли, односно додека не најде излез од своите финансиски проблеми. Тој се плаши од ситуации кога некои работи треба да се решат набрзина, затоа што не сака ризик кој што би можел да го доведе до ситуација да го изгуби имотот или да ја изгуби личноста која што ја сака. Исто така се свесен дека со расправија не се решава ништо, односно дека само може проблемите да се продлабочат, па затоа Бикот секогаш на мирен начин ги штити своите интереси, затоа што чувствува страв од самата помисла дека може да ги загрози.
Близнаци
Близнакот многу вешто го прикрива стравот исто како што вешто прави и се друго, но има некои работи кои можат да го доведат до депресија, како што е недостигот на комуникација со личноста која што ја сака или болест која го спречува да отпатува каде и да посака, или немоќта која што може да го доведе за зависи од некого, па дури и тоа да се неговите најблиски. Вистинските опасности и предизвици обично не го плашат, но страв од осаменост создава паника кај Близнаците. Личностите кои што сакаат да им го „перат мозокот“ или да ги стиснат на едно место, ги прави Близнаците нервозни.
Рак
Ракот е постојано загрижен за нешто, било тоа да е поради промени во временските услови или поради некоја лоша вест која што ја слушнал, а може да биде и промената во курсната листа. Ракот се нервира од променливото расположение на шефот кој него, но повеќе е загрижен за својот дом и семејството. Кај него е длабоко вкоренет стравот од магии и непознати, а на листата на стравови кај типичниот Рак се стравот од депресија и последиците кои ги остава депресијата на неговата психа. Ракот интуитивно секогаш чувствува дека некогаш и него ќе го стигне тоа што му згрешил некому.
Лав
Поради тоа што е роден да владее, Лавот не стравува многу од губењето на позицијата на професионалната и социјалната скала, но тоа што го плаши е помислата дека може некој да помисли дека е кукавица или пријателите на кои им верува да го остават на цедило. Понекогаш е погрешно протолкуван во општеството, каде што обично сака да ја покаже својата дарежливост и благодарност, па многу му завидуваат и гледаат како тајно да му наштетат. На лавот му се „дига гривата“ на главата од самата помисла дека некој сака јавно да го исмее поради ситница или неважни работи. Ако имате нешто да му кажете, гледајте се со него во четири очи.
Девица
Девицата не стравува да не заболи од некоја болест, затоа што воглавно води сметка за своето здравје. Нејзиниот страв е да не изгуби контрола врз себеси или своите најблиски, затоа што Девицата тоа го доживува како своја должност. Девицата мисли дека никој не може подобро од неа, се да приметува, да реагира превентивно и секојдневно да држи лекции дека чистотата е половина здравје и воопшто не ја засега моментот дека вие ги превртувате очите додека ја слушате.
Вага
Вагата е секогаш на штрек, затоа што се плаши дека нема доволно да им се допадне на пријателите или па можеби ќе биде неприметена. Навикната е на постојано внимание и воодушевување од околината. Вагата најмногу стравува од скандали или од јавно критикување. Таа исто така се згрозува од разговори за болести, резултати од лабораториски анализи затоа што се сомнева дека некоја болест ќе и биде пронајдена. Знае да биде голем хипохондрик.
Шкорпија
Иако од малку работи се плаши, затоа што е многу храбра, а притоа спремна да издржи и болки и тешкотии какви и да се, но и Шкорпијата има своја Ахилова пета. Шкорпијата се плаши од сопственото стареење, губење на интерес од спротивниот пол и сексуална немоќ. Се ужаснува од помислата дека личноста која што ја сака може да му биде неверна, а тоа да го дознае од други.
Стрелец
Стрелецот се плаши да не биде изневерен, од сплетки и интриги кои што може да му го загорчат животот, а особено на професионален план. Загрижен е од однесувањето и начинот на живот на својот емотивен партнер, па постојано се сомнева. Стрелецот исто така се плаши и од неправди и насилство, па потсвестно бегаат од претставници на власта или униформирани личности, но тоа вешто го прикриваат.
Јарец
Јарецот стравува од губење на честа, која што според него со ништо не може да се мери, затоа што со ниедна пара тоа неможе да се плати. Повеќе од било кој друг знак од зодијакот, се грижи за здравјето на својот емотивен партнер и тоа до таа мера што би се и жртвувала за него. Со оглед на тоа дека знае и чувствува она што другите не го знаат, Јарецот исто така се плаши и од магии и пораки кои ги добива во своите сонови.
Водолија
Водолијата најмногу се плаши од просечноста или споредбата со некого, затоа што Водолијата е, ако случајно сте заборавиле – единствена. Иако делува недопирливо, помалку и арогантно, како никој ништо да не и може, Водолијата и тоа како стравува од губитокот на професионалниот углед, почитувањето од семејството и социјалниот статус. Понижувањето од било кој вид или осиромашувањето како што е во народната поговорка „имал, па немал“, Водолијата ја загрижува најмногу од се. Бега од врзување со домашни миленици, колку и да ги сака, затоа што не поднесува да ги изгуби.
Риби
Рибите се еден од најамбициозните знаци, па најмногу стравува од губењето на авторитетот, но повеќе во професионална смисла, отколку од авторитетот во своето семејство. Стравот дека би можел некој да ги стигне во нешто или некој да биде подобар во моментот на одлучување за нивното унапредување, е поголем од било кој друг страв. Меѓутоа колкава и да е опасноста која што им прети, Рибите секогаш пливаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.