Работнички ќе ја продолжи одбраната на трофејот во националниот куп против Ренова во полуфиналето закажано за идната пролет, а за финале меѓусебе ќе играат и Тетекс и Хоризонт Турново.
Романтичарите, кои ја имаат двојната круна, се главни фаворити, но Купот е натпреварување во кое секогаш има изненадувања. Токму такво нешто приреди Ренова со елиминација на Вардар во четврт-финалето и покрај негативата пред реваншот од 1-3.
Тетекс, кој е освојувач на националниот куп во сезоната 2012/13, се надева на нова успешна авантура како рехабилитација за лошата полусезона во Првата лига и како шанса да се излезе во Европа.
Турново ќе атакува на првиот трофеј во Купот на Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.