| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска се снима првата клапа од детската серија „Пет плус“ на албански јазик

Детската ТВ-серија „5+ Nikoqirët“ е во продукција на ОХО, а се реализира во соработка со „Алсат М“, и со поддршка на Министерството за информатичко општество. Серијата ќе се снима во студиото на „Телма“, а ќе се емитува на „Алсат М“

pet plus albanski jazik

Денеска се снима првата клапа на новата детска ТВ-серија „Пет плус“ на албански јазик (5+ Nikoqirët), во студиото на телевизија „Телма“.

Детската ТВ-серија „5+ Nikoqirët“ е во продукција на ОХО, а се реализира во соработка со „Алсат М“, и со поддршка од Министерството за информатичко општество. Серијата ќе се снима во студиото на „Телма“, а ќе се емитува на „Алсат М“.

„5+ Nikoqirët“ е играна детска ТВ-серија на албански јазик, инспирирана од познатата детска емисија „5+“, која досега се емитуваше шест сезони на „Алсат М“. Концептот е базиран на познатиот детски лик Мири, неговите пријатели Тили, Цвајштајн и Кими и сите случки низ кои поминуваат.

Креативен директор и продуцент на серијата е Пеце Талески, режисер е Томче Ангелов, сценаристи Билјана Крајчевска и Драгана Лукан Николоски, сценографијата е на Снежана Поњавиќ – Муча, костимографија Андреј Ѓорѓиевски и монтажа Шенол Мехмед.

Актерската екипа ја сочинуваат: Бујар Саити, Нертила Дика, Фисник Зекири и Шкелким Ислами. Во најголем број епизоди ќе гостуваат и познати личности во различни улоги.

Покрај едукативните и забавни сценарија, новата серија „5+ Nikoqirët“ ќе биде збогатена и со нови детски песни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top