| четврток, 6 декември 2018 |

Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон во посета на САД

кејт

Војводата и војводката од Кембриџ, принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон пристигнаа во Њујрок, во рамки на својата куса посета на САД.

За време на тридневниот престој, Вилијам и Кејт два дена ќе бидат во Њујорк, а еден ден во Вашиингтон. Во Белата куќа принцот Вилијам ќе биде примен од американскиот претседател Барак Обама.

Кејт Мидлтон, која е бремена со нивното второ дете, го придружува својот сопруг на ова патување во САД, за, како што е соопштено во Лондон, им оддаде почит на жртвите од терористичкиот напад врз Светскиот трговски центар од 11 септември 2001 година.

Принцот Вилијам ќе одржи предавање на меѓународната конференција што ја организира Светска банка за борба со илегалната трговија со диви животни и делови од нивните тела, како заби од слоновите или роговите на носорозите.

Според лондонските медиуми, кои откриваат детали од неговото излагање, принцот Вилијам го смета ваквиот шверц како едно од најтешките дела на корупција и криминал.

Заедно со војводата и војвотката од Кембриџ, во САД пристигна и поранешниот британски министер за надворешни работи Вилијам Хејг, кој во февруари оваа година беше домаќин на една ваква меѓународна конференција.

Принцот Вилијам се предвидува да присуствува и на еден кошаркарски натпревар, а Кејт Мидлтон ќе посети една хуманитарна организација во њујоршкиот кварт Харлем.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top