| четврток, 6 декември 2018 |

Во 2015 година ќе се зголемат платите, пензиите и социјалните надоместоци

denari-pari

Во следната, 2015 година ќе се зголемат платите, пензиите и социјалните надоместоци. Ова го најави премиерот Никола Груевски.

– Просечната пензија на пензионерите е зголемена за 62 проценти од 2006 па наваму, а се зголемија и платите во администрацијата за 27 проценти, социјалната помош за 50 проценти. Веќе за следната година во 2015 повторно планираме зголемување на пензиите на платите и на социјалната помош, посочи Груевски во своето обраќање на годишната Конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

Груевски нагласи дека во времето на СДСМ немало зголемување ниту на палти, ниту на пензии, сите се сеќаваат само на нивно намалување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top