Еден полицаец бил повреден во главата при вчерашната полициска интервенција за спречување на тепачка помеѓу навивачките групи на фудбалските клубови „Вардар„ и „Шкендија“ кај градскиот стадион во Тетово, информираше денеска портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
До инцидентот дошло откако меѓу 30 и 40 навивачи на „Вардар“ околу 13 часот и 30 минути ненајавено пристигнале и сакале да влезат на стадионот каде се играл куп натпреварот помеѓу „Ренова“ од Џепчиште и „Вардар“ од Скопје.
– Организаторот не и дозволил на групата да влезе на стадионот, а во меѓувреме во нивна близина се собрале повеќе навивачи на Шкендија. Помеѓу двете групи започнале препукувања и меѓусебни фрлања со камења и шишиња, но со интервенција на полицијата бил спречен физички контакт меѓу двете групи. При тоа еден полицаец бил удрен по главата и веднаш бил префлен во тетовската клиничка болница од каде по укажаната помош бил пуштен на домашно лекување. Полицијата привела тројца навивачи на Вардар кои по извршените разговори биле пуштени и по расчистувањето на случајот ќе се соочат со соодветни поднесоци, појасни Јосифовски.
Се преземаат мерки за откривање на лицето кое го повредило полицаецот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре



