| четврток, 6 декември 2018 |

Топло и дождливо декемвриско време

esen_oblaci_11

Денеска продолжува трендот на топло декемвриско време. Иако ќе биде претежно облачно, сепак дожд ќе има во мал дел од земјава и тоа пред се во северозападниот крај, како и во планинскиот регион од источниот крај. Според прогнозата на Метеопро во дел од котлините наутро е можна сосема слаба магла. Во јужната половина од земјата ќе има поголема веројатност за повремени сончеви периоди.

Нема да има поголеми температурни варијации во однос на сабота.

Минималната температура ќе има вредност околу 8° низ котлините, а на повисоките места околу 5°С. Максималната температура во Македонија ќе има вредност околу 12°С низ поголем дел од котлините, а на југоисток и до 15°С. Топло ќе биде и на повиските места каде максималната температура ќе има вредност околу 9°С.
Во скопската котлина се очекува претежно облачно време со услови за повремен и сосема слаб дожд. Минималната температура ќе има вредност околу 8°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност околу 11°С.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top