| четврток, 6 декември 2018 |

„К-15“ ќе ја освојува Австралија со свое роуд шоу

к-15

По 19 години постоење, главните ликови од проектот „К-15“ првпат заминуваат на турнеја надвор од земјава. Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Љупчо Бубо Каров, или на јавноста попознати како Миле Паника, Тошо Малерот и Цацко Конопишки, на 19 мај заминуваат на таканаречено роуд шоу во Австралија, пренесува дневниот весник „Вест“. Како што изјавиле, планираната турнеја ќе опфати настапи во поголемите австралиски градови, каде што тие во живо ќе ѝ се претстават на тамошната публика.

– Се подготвуваме и затоа сè уште немаме детали. Но, навистина првпат одиме надвор, а постоиме 19 години. Освен настапот на стадион, ние немаме друг настап. Сега, поради големо инсистирање на публиката, одлучивме да почнеме и со настапи во живо, и тоа да почнеме од Австралија – изјавил за „Вест“ Миле Паника.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top