| четврток, 6 декември 2018 |

Повторно ќе се бира најубаво украсен двор и тераса

Традиционалната манифестација „Новогодишните бои на Скопје“, која и годинава градот ја организира во рамките на новогодишните и божикни свечености, стартуваше со трката за избор на најубаво новогодишно украсен двор од куќа или тераса.

И овој пат ќе има избор во четири категории: најубаво новогодишно украсен двор од индивидуална станбена куќа, најубаво украсена тераса од стан, најубаво новогодишно украсен угостителски објект (надворешно) и најубаво новогодишно украсен двор на средно училиште. Конечниот избор ќе го направи жири-комисија составена од претставници на медиумите.

Сите кои се заинтересирани да се натпреваруваат за најинтересно и најкреативно новогодишно украсување можат да се пријават на телефонскиот број 3297 265, секој ден од 9 до 16 часот. Пријавувањето почнува од 9 и ќе трае до 22 декември. Граѓаните треба да испратат фотографии од украсените објекти и заедно со личните податоци, телефонски број и адреса, да ги достават на адреса бул. „Илинден“ бр 82 со назнака: за манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје“, или, пак, да ги испратат на Интернет-адресата: mediumi@skopje.gov.mk .

За најуспешните Градот обезбеди награди во висина од 10.000 денари, а ЕВН Македонија ќе ги ослободи од плаќање на сметката за потрошена електрична енергија за декември 2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top