| четврток, 6 декември 2018 |

Барселона го растури Туров, Црвена Звезда за првпат во историјата во Топ-16 фазата

Кошаркарите на Барселона си поиграа со полскиот претставник Туров и на гостински терен победија со неверојатни 39 поен и разлика, а притоа постигнаа над 100 поени.

Боштјан Нахбар ги предводеше ефикасните Каталонци со 17 поени, до триумф од 104-65. Кај поразениот состав ист учинок имаше Тејлор.

evroliga

Вечерва сепак се беше во знакот на „црвено-белата“ боја на Црвена Звезда, клуб што испиша историја во Евролигата со победа на гости против Валенсија. Со успехот во Шпанија, белграѓани за првпат во клупската историја се пласираа во Топ-16 фазата меѓу баскет елитата. Марјановиќ и Вилијамс заедно искомбинираа 35 поени, а најефикасен на мечот беше Дубљевиќ од Валенсија со 22 поени.

Вечерват во знакот на гостите ја дополни и Лаборал Куча со победа во Истанбул против Галатасарај со 89-82, додека на свој терен славеа ЦСКА против Цедевита во Москва со 97-79 и Олимпјакос во Атина против Нептунас со 89-79.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top