Романската тенисерка Јоана Андраде Сурдеану ќе го памети настапот на турнирот во Израел, не само по неочекуваниот пораз, туку и по бруталната реакција на нејзиниот татко Лусиано, кој наводно и удрил неколку шлаканици, бидејќи наместо да му го даде мобилниот телефон како казна за загубениот натпревар, таа го разбила телфонот од ѕидот.
На Јоана после тоа долго време и крварел носот, а тешката расправија помеѓу ќерката и таткото ја спречиле луѓето од обезбедување на турнирот кои кога слушнале врисок се страчале во пресоблекувалната. Таткото за брзо време е уапсен, но после една ноќ во затвор е пуштен на слобода.
Ќерката сепак го бранела својот татко, тврдејќи дека тој не е монструм.
– Мојот татко не е мострум! Јас на направив грешка. Вистина е дека ме удри, но тоа беа само две шлаканици. Вториот удар ми го раскрвави носот, па брзо побегнав за да се заштитам. Благодарна сум му на татко ми за жртвата што ја направи за мене, за да станам тенисерка, но ова нешто сигурно ќе ме прати цел живот – изјавила младата Јоана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.