Најиконични двојки од светот на шоу-бизнисот, спортот и политиката. Некои од нив сѐ уште се заедно, но љубовта меѓу другите веќе е историја.
Гвинет Палтроу и Бред Пит
Тој има 32 години, во екот на својата кариера и вистински секс-симбол, а таа пак има само 23 години, актерка која допрва блеснува, кога двајцата се среќаваат на снимање на трилерот „Седум“. Гвинет и Бред веднаш се вљубуваат и по две години љубов се свршиле кога таа го посетува на сетот на неговиот филм „Седум години во Тибет“.
Двајцата планираат да се венчаат во текот на летото на 1997 година, но во јуни нивната врска е прекината без никакви објаснувања од нивна страна. Гласините се дека причината за разделбата е неверство од страна на Палтроу. Неколку години по разделбата со Пит, таа признава дека била премногу млада за такво врзување.
– Се чувствував одговорна, како архитект на сопствената несреќа. Беше голема каша тогаш …“.
Витни Хјустон и Боби Браун
На музичките награди „Соул треин“ во 1989 година, лошото момче, аренби-музичката ѕвезда, Боби Браун и убавицата со ангелски глас Витни Хјустон отворено флертуваат. Тогаш никој не мисли дека од тоа ќе излезе нешто сериозно, но ете во 1992 двајцата се венчаат. Тие имаат неколку добри заеднички години, но околу Боби Браун вечно врие од скандали, расправии со полицијата и апсења за возење во пијана состојба, за консумирање наркотици, за тепачки по барови.
Со текот на времето Витни почнува да ги чувствува на свој грб неурамнотеженоста и избувливоста на нејзиниот сопруг, паѓа под негово влијание и влегува во светот на алкохолот и на дрогата.
Иман и Дејвид Боуви
Средбите на слепо понекогаш функционираат. Особено ако сте британска рок-ѕвезда и убав супермодел. Во 1992 година, две години откако се сретнаа, Иман и Дејвид Боуви се венчаат, а светот на модата паѓа во екстаза. Двајцата, набрзо почнаа да ги украсуваат насловните на списанија како „Вог“, но и активно да се занимаваат со добротворни цели.
Во 2012 година Иман и Дејвид беа прогласени за модни икони на сите времиња од страна на „Тајм“ и освен тоа, тие го прославија јубилејот, 20 години од нивната свадба.
Кејт Мос и Џони Деп
Со кожените јакни и огнениот магнетизам, Кејт Мос и Џони Деп беа миленици на многумина. Четиригодишната врска, која завршува во 1998 година, беше одбележана со многу страст, алкохол, дрога и луди забави. Двајцата имаат забрана да припарат до хотелот „Марк“ во Њујорк, според гласините поради тоа што предизвикале пожар во претседателски апартман.
Дејвид Бекам и Викторија Бекам
Двајцата се запознаваат на добротворен фудбалски натпревар во далечната 1997 година. Викторија тврди дека кога го сретнала првпат идниот сопруг, не знаела кој е тој. Дејвид пак без преправање споделува дека Пош целосно го одушевила уште пред да се запознаат. Ја гледал во еден од нејзините музички спотови и веднаш сфатил дека тоа ќе биде жената за која ќе се ожени еден ден.
Курт Кобејн и Кортни Лав
Лав првпат го сретнува Курт Кобејн на негов концерт во 1989 година и тврди дека почувствувала силна привлечност кон него на прв поглед. Тогаш Курт имал девојка, која Лав ја смета за обична дебелуша и тоа му го кажува нему. Како резултат на тоа Кортни и Курт влегуваат во жестока расправија. Кога тие почнува врска во 1991 година, конечно гранџ заедницата ги добива својот крал и кралица.
Семејниот живот на двајцата е обележан со многу алкохол, дрога и бурни караници. Еден од најголемите скандали во кој се вмешани е тој во кој Кортни, додека зборува со дописникот на „Венити фер“, без да размисли почнува да зборува дека секогаш се забавувала со дрогата, дури и за време на бременоста. Оваа изјава за малку ќе им ги земеше родителските права на сопружниците. За жал, бурната љубов меѓу двајцата завршува трагично, со самоубиството на Курт Кобејн во 1994 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст