Милан Лукиќ
Припадници на српското Министерство за внатрешни работи, под налог на Обвинителството за воени злосторства, уапсија пет лица во Србија поради сомневање дека извршиле воени злосторства во Штрпце.
Босанските медуми јавуваат дека на подрачјето на Босна и Херцеговина денека се уапсени десет лица поради сомневање дека биле дел од групата, што го извршила злосторствата во Штрпце.
Западни медиуми, пак, јавуваат дека во операцијата на полициите во двете држави се уапсени 15 осомничени, меѓу кои и поранешен генерал од армијата на Република Српска, но не се наведува ниту едно име на уапсените.
„Киднапирањето во Штрпце“ е име за злосторство извршено од 27 февруари 1993 година, кога припадници на српските паравоени единици, под команда на Милан Лукиќ киднапирале група од 19 патници од воз, кој сообраќал на релација Белград – Бар. Сите киндапирани биле убиени. Осумнаесет од ликвидираните биле од бошњачка националност. Хашкиот трибунал го осуди Лукиќ на доживотна казна затвор за злосторства врз муслимани од Вишеград во периодот 1992-1993 година, но не и за злосторството во Штрпце.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст