| четврток, 6 декември 2018 |

Вечерва почнува „Скопскиот постер-фестивал“

Вечерва, со почеток од 20.00 часот, во просториите на Младинскиот културен центар, почнува Меѓународниот студентски конкурс за плакат „Скопски постер-фестивал“.

Организаторите – Здружението на графички дизајнери ПЛАКАРТ, Младинскиот културен центар, поддржани од Министерството за култура на Република Македонија, велат дека се сигурни дека и овој пат ќе ги задоволат вкусовите на креативната фела.

Во рамки на годинашното издание, кое се оддржува под мотото „Дизајн за мир“ ќе имате можност да погледнете идејни решнија на графички дизајнери, кои на исклучителен начин ја искористиле својата креативност, но и да дознаете нешто повеќе за „Состојбата на дизајнот на Балканот и негово интегрирање во едукативните процеси“ во рамки на истоимената прва регионална дизајнерска конференција одржана во земјава.

На конференцијата што е закажана за  6.12.2014 година (сабота) со почеток од 11.30  во просториите на Младинскиот  културен центар  сите заинтересирани  ќе имаат можност да ги слушнат размислувањата на едни од најдобрите во својата област. „Скопскиот постер-фестивал“ со гордост ви ги најавува Ива Бабаја – претседател на светската дизајн асоцијација Икогарда (icograda) и Давор Брукета – еден од најуспешните дизајнери во Југоисточна Европа, со 400 награди како признание за неговите генијални креативни проекти, Борут Вилд, еден од најинспиративните балкански дизајнери со повеќе од 100 меѓународни проекти, иницијатор на многубројни успешни регионални дизајнерски збиднувања. Ги покануваме сите заинтересирани кои сакаат да земат учество да се  регистрираат на http://www.eventbrite.com/e/14657726655

Годинашното издание на фестивалот ќе трае од 5.12.2014 година до  20.12.2014 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top