Србија, Хрватска, БиХ и Црна Гора денеска за време на Министерскиот совет на ОБСЕ во Базел потпишаа документ за преземање целосна одговорност за регионална стабилност и контрола на оружјето. Потпишаниот документ содржи амандмани на членот 4 од Дејтонскиот договор, кои предвидуваат пренесување на надлежностите за контрола на оружјето во овие четири земји на поранешна Југославија.
Во присуство на шефовите на дипломатии од земјите-членки на ОБСЕ, меѓу кои е и претседавачот Дидие Буркхалтер, документот го потпишаа министрите Ивица Дачиќ од Србија, Златко Лагумџија од БиХ, Игор Лукшиќ од Црна Гора и Весна Пусиќ од Хрватска. Членот 4 од Дејтонскиот мировен договор е потпишан во Фиренца во 1996 година, со цел за превенција на регионалната трка во оружувањето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.