| четврток, 6 декември 2018 |

Каде утре ќе нема струја?

струјаРегионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија, соопшти дека без електрична енергија утре од 7.30 до 13 часот ќе останат корисниците од ул. Радушка кај пазарчето Ѓорче Петров.

Од 8 до 15.30 часот, струја ќе немаат корисниците од улиците Стефан Јакимов Дедов и Дебарца, како и дел од корисниците од улиците: Аминта Трети, Иван Милутиновиќ и Патризански Одреди околу бр.5 (општина Центар), од  8.30 до 11 часот, дел од корисниците од Сингелиќ и корисниците од село Инџиково (општина Гази Баба).

Од 8.30 до 14.30 часот струја ќе немаат корисниците од улиците Хо Ши Мин и Душко Поповиќ (општина Бутел), од 9 до 11 часот корисниците од ул. Баница. (општина Кисела Вода ), од 10 до 15 часот дел од корисниците од Долно Коњари, како и корисниците од селата: Средно и Горно Коњари, Дивље, Сушица и Живиње (општина Петровец), од 11 до 15 часот, дел од корисниците од ул. Мраморец (општина Карпош) и од 12.30 до 14.30 часот корисниците од ул. Магленска во општина Кисела Вода.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top