Крадци успеале да украдат пет модифицирани автомобили „рејнџ ровер спорт“, кои требало да се појават во новиот филм за Џејмс Бонд. Според „Виртшафт вохе“, филмските автомобили и четири други автомобили, вклучувајќи „рејнџ ровер ивок“, биле украдени од паркинг, во тренинг-база на „јагуар ленд ровер“ во Нојс, Германија. Украдените џипови се проценуваат на вкупно 800.000 евра или околу 1 милион долари.
Кражбите биле извршени во октомври, но автомобилите биле навреме заменети и нема одложување во снимањето. Според германското издание, новите правила на ЕУ, според кои автопроизводителите треба да споделат дијагностички податоци на автомобилите, може да придонело за кражбите на „реjнџ роверите“. Во написот се вели дека присуството на таквите информации може да ги направи автомобилите поподложни на надворешни напади.
Во овој случај, сепак, крадците најверојатно ќе зажалат. Автомобилите биле модифицирани за специјални каскадерски цели, со леснокршливи предни стакла. Снимањето на „Бонд 24“, како што му е работниот наслов во моментов, треба да почне следниот месец. Кастингот и официјалниот наслов ќе бидат објавени на посебна церемонија следната недела.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)