Состојбата во источна Австрија и натаму е тешка поради ледениот дожд, голем број патишта се затворени, а повеќе стотици домаќинства и натаму се без струја.
Во регионот Валдфиртел, во Долна Австрија, на територијата на општината Цветл поради мразот на далекуводите околу 500 домаќинства се без струја, а вчера уште 2.500 домаќинства беа без електрична енергија.
Со помош на агрегатите успешно е намален бројот на домаќинства без струја, а поправката на дефектот на далекуводите, според соопштението на снабдувачот со струја во овој дел на Австрија „ЕВН“, ќе траат неколку месеци.
Во покраината Долна Австрија голем број патишта поради дебелиот слој на мразот се затворени, а во Горна Австрија и Штаерска повеќе стотици домаќинства останаа без струја, додека во Бургенланд, дел од општината Форхтенштајн, Розалиа е отсечена од остатокот од светот.
Австриската војска од вчера попладне со оклопни возила почна да ги снабдува жителите на Розалиjа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.