Македонците од Голо Брдо, преку друштвото „Илинден“ и разгранокот на оваа асоцијација за областа, доставија барање до албанската министерка за образование, Линдита Никола, да се овозможи настава на македонски јазик во деветолетката „Десет покојници“ во селото Требиште.
Во барањето, поткрепено со петиција потпишана од околу двеста родители, се наведува дека на децата мајчин јазик им е македонскиот и оти сѐ до тргнувањето на училиште тие го знаат само македонскиот, а албанскиот почнуваат да го учат на училиште.
– Македонското малцинство во Голо Брдо било признаено од албанската држава до 1949 година, што го потврдуваме со издадени документи од тој период во кои е запишана и нивната националност – Македонци. Наведуваме, исто така, дека до тогаш имало и училиште со целосна настава на македонски, – вели Или Халилај, претседател на разгранокот на друштвото за Голо Брдо.
Имајќи го предвид досегашното искуство и од овој нивен чекор тој не се надева многу. Потсетува дека на сите барања до сега не добиле позитивен одговор, па дури албанската влада не го реализирала и ветувањето дека македонскиот јазик од минатата учебна година ќе се изучува како наставен предмет од седмо одделение.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија