| четврток, 6 декември 2018 |

Од утре забранет увоз на американска живина во Русија

живина

Русија од утре забранува увоз на американска живина, соопшти денеска Руската земјоделска служба за контрола.

Службата од утре воведува привремени рестрикции на руска територија за американската живина и преработки од месо од живина, јави ТАСС.

Оваа одлука е донесена поради штетните остатоци и забранетите супстанции, кои се наоѓаат во американските производи од месо од живина, вклучувајќи го и присуството на тетрациклин, додава Службата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top