Најмалку четири лица загинаа во операција против терористите во главниот град на јужната автономна република Чеченија – Грозни, пренесуваат агенциите. Од Федералното министерство за здравство во Москва објавија дека бројот на настраданите во нападот, кој почнал во раните утрински часови на 4 декември 2014 година, е 25 лица. Четворица од повредените се починати, 21 се сместени во болници.
Состојбата на тројца е тешка, а на другите е критична, дополнуваат агенциите повикувајќи се на извори од институцијата. Терористи нападнаа полициска патрола, го зазедоа Домот на печатот во Грозни, каде што се наоѓаат канцелариите на многу медиуми и упаднаа во училиште. Нападот на екстремистите врз зградата на образовната институција се случила кога таму немало луѓе.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.