Проектот за изградба на гасоводот Јужен поток, што Москва го прогласи за „мртов“, досега ја чини Србија 30 милиони евра за основачки капитал на заедничката компанија „Јужен поток Србија“, за проекти, за отуѓување имоти и подготвителни работи, објави весникот „Блиц“.
Според весникот, наместо со инвестиција од две милијарди евра и годишни приходи од 300 милиони евра од Јужен поток, Србија заврши во минус, што по среќа на случувањата не е поголем.
Планот меѓу Русија и Србија предвидувал двете земји да внесат по 75 милиони евра почетен капитал во заедничката компанија „Јужен поток Србија“ со седиште во Швајцарија, но таа сума не била целосно поднесена.
Србија избегнала поголеми загуби бидејќи поранешниот министер за финансии Лазар Крстиќ, одбил да ги потпише последните гаранции за кредит на „Србијагаз“.
Државата сепак потрошила 19 милиони евра за откупување на терени по трасата на идниот гасовод, кои тешко може да бидат искористени за нешто друго. Дополнителни 11 милиони се потрошени за подготвителни работи и идејни проекти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.