Ное Инјигес е првата личност која е осудена според законот кој е усвоен во Калифорнија во октомври. Тој е осуден на една година затвор, 36 месеци условно и ќе мора да посетува советувалиште за спречување на семејсно насилство.
Уште 13 американски сојузни држави во претходните две години усвоија закон кој казнува објавување на порно содржини без согласност на личноста која е прикажана. Калифорнискиот закон забранува поставување на разголени фотографии или сексуално експлицитни фотографии на поединци, вклучувајќи и селфо се намера да се предизвика емотивна болка.
Инјигес спорната фотографија од поранепната девојка ја поставил на Фејсбук на нејзиниот работодавач во март, нарекувајќи ја пијаница и курва, што довело до тоа работодавачот да и даде отказ. Тој користел лажно име за да го прикрие идентитетот. Оваа жена претходно издејствувала забрана за доближување на Инјигес, бидејќи по раскинувањето од него добивала заканувачки пораки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.