Балканската поп ѕвезда Жељко Јоксимовиќ и бизнисменот Зоран Милески ќе бидат кумови оваа година на празнувањето на еден од најголемите христијански празници, Богојавление – Водици. Ова утре на свечена седница треба да го обелодени здружението на граѓани „Богојавление“.
Според планот, прославата на овој верски празник планирано е да трае четири дена чија програма ќе биде исполнета со голема културно – уметничка програма. Исто така, традиционално на денот на рибарите ќе се подготвува рибната чорба и ќе се фрлаат бурињата со вино во Охридското Езеро.
Хотелиерите исто така се подготвуваат да ги пречекаат туристите и го спремаат традиционалниот празничен попуст кој најверојатно годинава е планирано да трае подолго отколку што беше минатите години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.