Неколку лица се повикани на разговор во полиција за синоќешниот инцидент што се случи во близина на трговскиот центар „Сити мол“, во кој дваесетгодишно момче беше расечено со нож.
Инцидентот се случил синоќа во 19.40 часот на улицата „Љубљанска“ додека дваесетгодишниот скопјанец В.Ќ, и неговиот брат С.Ќ.(23) со автомобил „голф“ се движеле по еднонасочна улица.
Се пресретнале со друго патничко возило во кое биле две непознати лица, кои почнале вербална расправија, а потоа физички ги нападнале, по што едното лице со нож му нанел расекотини на дваесетгодишното момче по главата и по телото.
Повредениот е пренесен во Ургентен центар Скопје каде што му е укажана лекарска помош.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против приведените.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


