Грчката влада има тенденција да „труби“ за подобрената економска состојба во земјата бидејќи првпат по шест години земјата не е во рецесија. Но, дали граѓаните чувствуваат какво било подобрување?
По шест години, Грција, конечно, излезе од рецесија во почетокот на овој месец. Но, дали има некакви знаци за подобрувањето на ситуацијата за грчките семејства, поединци и бизниси? … Само 12 проценти од испитаниците велат дека забележале знаци на подобрена економија.
Грчката дописничка за Гардијан, Хелена Смит, е крајно скептична дека предвиденото опоравување ќе има реално влијание во земјата.
– „Успешната приказна“ промовирана од страна на владата драстично се разликува од реалниот живот – опаѓање на животниот стандард, невидена стапка на невработеност и неможноста на мнозинството граѓани да ги покријат сметките, вклучително и бранот на новите даноци кои секојдневно може да се покачуваат со молскавична брзина”, вели таа.
– Пет години подоцна, кризата во голем степен е „нормализирана”, но разликата е видлива во колатералната штета предизвикана од тоа што Грција мораше да се подложи на голема девалвација во замена за финансирање за итните случаи како: самоубиства, бездомништво, за средината класа граѓани осиромашени од штедењето.
– Иако економските показатели покажуваат дека грчката економија се подобрува, не постои силна хипотеза дека овие промени се базираат врз макроекономските аспекти на економијата”, вели Јован Павловиќ, советник на грчки пратеник.
– Го гледаме резултатот од кратењето на платите и пензиите, додека пак граѓаните плаќаат повисоки даноци отколку што можат да издржат.
– Таканареченото опоравување се базира на туризмот – вели Петрос Петридис од Солун. – Владата вработува работници за пет месеци со цел да ја намали невработеноста на хартија. Многу работници работат без да им се плати. Целата слика е ужасна. Граѓаните кои им должат на банките ќе ги загубат нивните куќи, а многумина немаат ни пристап до здравствениот систем.
– Изминативе години платата ми беше намалена за повеќе од 40% – вели Ираклис Пилакис, наставник од Атина.
– Читам дека се очекува ново намалување на пензиите и на платите на државните службеници… Во училиштата нема доволен број наставници, но владата не вработува нови. Министерот за образование побара од невработените наставници да работат волонтерски. Во првите студени денови Атина повторно се соочува со проблемот со смогот, бидејќи луѓето палат сѐ што можат за да си ги затоплат домовите. Лично, не гледам знаци на подобрување..
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



