| четврток, 6 декември 2018 |

Меси: Многу луѓе сакаат да нè видат како губиме

Лео Меси зборуваше во едно интервју за „И-Ес-Пи-Ен“ пред натпреварот на Барселона со Милан и изјави дека многу луѓе се надеваат дека ќе загубат бидејќи овој тим на Барселона е готов, исто како што мислеа и минатата сезона.

– Време е за наплата на долгот. Сè почна против Милан и мора да ја завршиме оваа лоша низа со нив. Знаеме дека ќе биде тешко, особено поради негативата од 2-0 во Италија, но нема причина зашто да не победиме со истиот резултат дома. Знаеме дека еден примен гол би ја направил неверојатно тешка нашата задача, но не смееме да мислиме на тоа. Убедени сме дека можеме да се пласираме во четврт-финалето – изјави Аргентинецот.

– Тимот е погоден од негативните резултати, но сега е време да ги збиеме нашите редови и да почнеме повторно да победуваме. Тоа ни недостига на теренот – додаде Меси.

Аргентинецот ја опиша атмосферата во клубот во овие тешки времиња:

– Така е со овој клуб. Кога ќе изгубите неколку натпревари, изгледа како ништо да не функционира, но кога ќе победите на неколку по ред, тогаш сè се враќа во нормала. Го знамеме ова и многу играчи се во клубов од рана возраст. Би било лудо доколку би се смениле сега. Повеќето од играчите се млади. Сите ние сме оптимисти дека навистина можеме да се вратиме од негативата од два гола. klizac.com

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top