| четврток, 6 декември 2018 |

Граѓаните против наркомафијата: го преплавиле градот со слики од локални дилери

narkodileri

Членови на Здружението на граѓани „Свети Сава“ завчера вечер излепиле плакати во српски Младеновац на кои биле ставени фотографии од локалните дилери на дрога. Плакатите, сепак, не издржале ни до утрото, па за неколку часа не можеле да се видат никаде.
– Членовите на здружението на 50 локации во Младеновац излепиле плакати со имиња и податоци за локалните продавачи на дрога – пишува на страницата на „Фејсбук“ на Здружението.
Под плакатот со имиња и презимиња се наведуваат жителите на Младеновац што се обвинети дека се дилери.
– Ова се тие што ги трујат нашите деца, а возат најскапи автомобили без еден ден стаж. Бркајте ги дилерите и сомнителните лица околу вашите деца и вашите домови да го запреме злото во нашиот Младеновац – пишува под фотографијата. Здружението основано во февруари лани имало слична акција во српскиот град Лазаревац кога се водела вистинска војна меѓу лицата чии фотографии биле објавени во градот и членовите на ова здружение.
Од почетокот на дејствувањето на Здружението, трговијата со наркотици во Лазаревац е намален за 80 отсто. Околу 40 проценти од луѓето за кои е доставено податоци во полицијата се уапсени, а против одреден број веќе се изречени и судски пресуди со затворски казни.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top