| четврток, 6 декември 2018 |

Кавадаречките села Ресава-Бегниште се поврзаа со нов пат

пат

Министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска, директорот на ЈП за државни патишта Љупчо Георгиевски, претседателот на Советот на општина Кавадарци  Горица Пеливанова-Вилхелм, како и жители на селата Ресава и Бегниште, денеска присуствуваа на пуштањето во употреба на  новиот локален  пат кој ги поврзува кавадаречките села Ресава и Бегниште во близина на Тиквешкото Езеро.

– Патот е долг 4.4 километри, а широк  5,5 метри,  инвестициската вредност е 37,5 милиони денари.  Сега овој крај од Тиквешијата е поврзан со одлична патна инфраструктура по која ќе се одвива целокупната комуникација на жителите на Бегниште и Ресава, но и на голем број граѓани од Кавадарци кои овде имаат свои имоти, главно лозја. Во тој правец можноста за изградба на домашни мини винарии, за што има интерес кај неколку субјекти  – рече градоначалникот на Кавадарци Александар Панов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top