| четврток, 6 декември 2018 |

ОН го осудија современото ропство кое засега милиони луѓе ширум светот

ропство

 Експерти на ОН го осудија денеска современото ропство, во кое живеат милиони луѓе ширум светот, вклучувајќи и деца.

Нивната изјава доаѓа по повод Меѓународниот ден за укинување на ропството, што се одбележува утре.

– Милиони луѓе во светот, вклучувајќи и деца, живеат во услови на современо ропство. Недостига и политичка волја за тие да се ослободат од таа состојба – наведуваат експерти, специјалниот известувач на ОН за современи форми на ропство Урмила Бхула од Јужна Африка, известувачот на ОН за трговија со деца Мод де Бур-Букикио (Холандија) и Марија Грација Џамамаринаро (Италија), специјален известувач за шверц на луѓе.

– Најмалку 20,9 милиони лица се подложени на современи форми на ропство, при што повеќето се жени и девојчиња – рече Бхула, цитирајќи извештај на Меѓународната организација на трудот од 2012 година.

– Освен тоа, 168 милиони деца работат, при што половина од нив се наоѓаат во услови опасни по нивното здравје – во рудници и во каменоломи – рече таа.

– Милиони деца во светот се лишени од детство, бидејќи се подложени на принудна работа и сексуална експлоатација – рече Мод де Бур Букикио.

Меѓународниот ден за укинување на ропството се одбележува на датум, кога Генералното собрание на ОН ја усвои Конвенцијата за укинување на трговијата со луѓе – 2 декември 1949 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top