
Најновата песна и видеоспот на Тони Зен ќе бидат промовирани во киното „Синеплекс“ на 13 март со почеток во 20 часот.
„Под контрола“ е насловот на најновата песна, која претставува дел од трилогијата на Тони Зен. „БМА Брадерс“ е продукцијата која стои зад ова видео, визуализирано од Тони Зен, а во режија на Мерт Арслан и Антонио Павловски. Музиката е на Нино Васков, а текстот на Тони Зен.
Темата на оваа песна го опишува глобалниот систем и неговото влијание врз човештвото кое живее под страв и притисок поради недостигот од информации и манипулирање. Песната ќе се најде на новиот албум на Тони Зен, насловен „Микроскопски организам“ кој треба да биде издаден оваа година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


