| четврток, 6 декември 2018 |

Чесите на референдум за сириските бегалци

prague56649534Чешкиот министер за внатрешни работи, Милан Хованец, изјави дека на чешката јавност треба да ѝ се даде можност да одлучува дали земјата ќе прифати бегалци од земјите каде што се војува, а главно од Сирија.

– Уште претходно разговаравме дека можеме да примиме пет до десет илајди бегалци. Но, ние ќе бидеме внимателни за тоа кого ќе прифатиме. Јас ќе барам што е можно повеќе информации – изјави Хованец, најавувајќи дека за проблемот, министрите за внатрешни работи на земјите на ЕУ ќе разговараат в петок во Брисел.

Чешка, според Хованец, засега е само транзитна земја, преку која повеќето бегалци патуваат во Германија, јави дописникот на МИА од Прага.

– Минатата година забележавме пораст на притворени бегалци од Сирија за 380 проценти во споредба со претходната година – предупреди Хованец.

Тој додаде дека Чешка успева да ги врати бегалците во државите каде што тие ја преминале границата на ЕУ.

Според него, проблемот е само во Грција поради тамошната лоша емиграциска политика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top