| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерката на Милошевиќ збеснала поради одземањето на семејниот имот во Дедиње

Марија Милошевиќ, ќерката на поранешниот претседател на Југославија Слободан Милошевиќ, збеснала штом дознала дека на нејзиното семејство им го одземаат имотот во Дедиње на улица Ужичка и веднаш напишала жалба до српскиот суд.

marija milosevic

Таа сакала да се врати во Србија бидејќи имала каде да живее, а сега мора да ја чека одлуката на судот. Во нејзината намера, како што наведуваат српските медиуми, ја спречува потерницата која е распишана за неа во 2001 година, поради пукањето во вилата Мир.

– Бесна е поради сѐ што се случува, а разочарана е и од нејзините долгогодишни пријатели во Србија. Огорчена е што нејзиниот татко е прикажан како измамник, изјавил анонимен извор, кој додал дека Марија има стан на Дедиње кој го издава под кирија и од таа крија преживува во Црна Гора.

Инаку, Апелациониот суд во Белград ја потврди првостепената одлука со која од наследникот Слободан Милошевиќ се одзема куќата на улицата Ужичка 34. Судот утврди дека недвижностите се во сопственост на државата. Спорот околу куќата на Дедиње траеше цели 13 години, а Милошевиќ плацот и куќата ги купил во 1999 година за тогашни 9.500 марки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top